
Жена оживеа додека ја спремаа за погреб: Семејството и пријателите во шок, настана молк (ВИДЕО)
Болница во Еквадор ја прогласи за мртва 74-годишната Бела Монтоја во петокот, откако била примена во болница поради последици од срцев удар, а неколку часа подоцна семејството го отворило ковчегот и сфатило дека жената се уште дише.
-Полека го обработувам она што се случи. Сега сакам само да се подобри здравјето на мајка ми. Ја сакам жива и со мене – рекол нејзиниот син Гилберт Белберан.
Жената се уште е на одделението за интензивна нега и е под лекарски надзор, јавуваат медиумите.
– Мајка ми е на кислород. Нејзиното срце е стабилно. Докторот и ја штипна раката и таа реагираше. Ми велат дека е добро, таа почна да реагира на работите – изјави Гилберт.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) June 12, 2023
Лекарот од болницата Мартин Иказа во петокот му го предал телото на семејството бидејќи, како што тогаш тврдеа од болницата, таа починала.
– Дури ни дадоа и потврда за смрт – изјави Гилберт, кој мораше да собира донации за да го организира погребот.
Бела беше во ковчегот од 14 часот до 18 часот и 30 минути, кога семејството го отвори ковчегот за да го подготви телото за бдение. Тогаш нејзиниот син и остатокот од семејството сфатиле дека жената се уште дише.
Видеото е објавено на социјалните мрежи, а на него се гледа како жената ја движи устата и се обидува да здивне.
– Мама почна да ја движи левата рака, да ги отвора очите, устата, да дише – рекол Гилберт.
Локалните медиуми пишуваат дека настанот ја шокирал заедницата и дека случајот треба да се истражи и санкционира бидејќи старицата можела жива да биде закопана. Официјално објаснување се уште нема, но ниту од болницата ниту од Министерството за здравство се изјаснија за случајот.