
Земјотрес во Македонија, се тресеше со 3,4 степени
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди јужниот дел на Македонија, во близина на Демир Капија. Земјотресот бил во 17:00 часот, а се почувствувал и во Неготино, Гевгелија, Дојран и другите градови. Земјотресот бил на длабочина од 9 километри.