
Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во југозападна Македонија
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Албанија, а се почувствува и во југозападните делови на Македонија.
Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил регистриран во 5 часот наутро, на оддалеченост од 158 километри југозападно од Скопје.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени.