
Земјотрес попладнево регистриран во Македонија
Земјотрес со јачина од 2 степени по Рихтер попладнево е регистриран во Македонија. Според првичните информации, епицентарот е во близина на селото Велешта кај Охрид. Епицентарот е на длабочина од 10 километри. По локално време, земјотресот е регистриран во 14 часот, 43 минути и 46 секунди.