
Зеленски: Путин сака да ја врати моќта на Советскиот Сојуз
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се стреми да ја врати моќта на Сојузот на советските социјалистички републики, па затоа не сака да ја заврши војната во Украина.
„Путин сака да ја врати моќта на Советскиот Сојуз. Тоа е невозможно, но не сум сигурен дека има луѓе кои се способни да му го објаснат тоа и дека тој ќе го стори тоа. И сигурен сум дека тој би го направил тоа, за да ја постигне својата цел, тој мора да ја постигне пред сè со Украина, преку Украина, бидејќи Украина е најголема во Советскиот Сојуз по Русија. Тоа е стратешка цел за него и многу е важно за него да го стори тоа, а тој не сака да ја заврши војната, особено затоа што партнерите почнуваат да даваат слаби сигнали“, рече Зеленски во интервју за АБЦ Њус, пренесува Укринформ.
Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Путин всушност сака мир, Зеленски рече дека тоа е „лично мислење“ на Трамп.