
Здружението за цистична фиброза на средба со МЗ, пациентите ќе го добијат лекот „Трикафта“
Претставници на здружението за цистична фиброза имаа средба со претставници на Министерствово за здравство.
По средбата, член на оваа здружение, Бојан Крстовски, рече дека добиле уверување од Министерството дека пациентите ќе го добијат лекот Трикафта.
Во меѓувреме, се работело на законските измени, по пример од други држави, по што ќе следувала тригодишна програма, за лек да стаса до сите пациенти со оваа ретка болест, на кои им е неопходен.
Барањата на Асоцијацијата со кои се отишло на средбата, биле, да се дефинира бројката на пациенти што ќе го добијат лекот со интервентниот увоз, да се каже до каде е работата со законските измени и до каде е имплементацијата на програмата за сите пациенти.
Крстовски најави нова средба за утре на претставници на Асоцијацијата и на Комисијата за набавка на лекот. Во меѓувреме, продолжува следење на процесот на промена на законите. Тој апелираше сите пратеници да застанат зад измените на законите и нагласи дека будно ја следат ситуацијата околу набавката на лекот.