
Запалено возило во Муртино, пожарот зафатил и помошен објект – пожарникарите на терен!
Синоќа, 10.01.2024 година во 22.15 часот во с.Муртино избувнал пожар на патничко возило.
ТППЕ Струмица излегло на терен со 1 ПП возило и 5 пожарникари-спасители и интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило и помошен објект.
„Пожарот беше во разгорена фаза и брзо после пристигнувањето е ликвидиран и е спречено негово ширење кон останатите делови на објектот“, додаваат од таму.