
ЗАКРЕПНУВА ПРИВАТНАТА ПОТРОШУВАЧКА: Ова ќе биде „ветер во грб“ за германската економија
Закрепнува приватната потрошувачка во Германија. Домаќинствата ќе бидат движечката сила на растот на германската економија во 2024 година.
Германскиот БДП оваа година би требало да порасне за 0,3 отсто, покажуваат новите пресметки на DIW. Пред три месеци Институтот процени дека ќе биде зголемен за 0,1 отсто. Во 2025 година растот би требало да се забрза до 1,3 отсто, прогнозираат истражувачите на институтот.
Проценката се припишува на еднократните плаќања од страна на работодавците, вклучително и бонуси за компензирање на инфлацијата и зголемувањето на платите, кои во некои случаи сепак треба да стапат целосно на сила.
foto freepik.com/vitalii_petrushenko