
ВУЧИЌ СЕ ЖАЛИ ДЕКА НЕМА СИЛА: Објасни каква му е здравствената состојба
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Москва изјави дека сега се чувствува добро, но дека сè уште не ја вратил целата сила и дека терапијата што ја зема му е потешка, но дека ќе се навикне на неа и дека очекува сè да биде во ред.
„Се надевам дека ова нема да ми ја намали енергијата и амбицијата. Иако ми е малку потешко, имам малку помалку сила, брзина и енергија, но верувам дека сè ќе биде во ред во деновите и неделите што доаѓаат“, изјави Вучиќ, пренесе Телеграф.
Тој додаде дека негова работа е да се бори за народот на Србија и дека ќе продолжи да го прави тоа со онолку сила и енергија колку што има, но дека верува дека сè уште има многу, многу повеќе од оние кои можеби се во подобра физичка состојба од него.
„Затоа што тоа е нешто што и Бог ви го дава, но нешто што сами го одредувате како задача со која одите пред луѓето, пред светот, да се борите и никогаш да не се откажувате, за да нема откажување“, рече Вучиќ.
При посета на САД неодамна му се слоши, по што беше неизвесно дали ќе замине во Москва за Денот на победата. Латвија и Литванија му забранија прелет, но тој сепак стигна во Русија, а неговиот авион попат слета во Баку, Азербејџан. Над 20 лидери ќе присуствуваат на церемонијата во Москва.