
Вооружен напад на црква во Истанбул, едно лице загина!
Двајца маскирани напаѓачи извршија вооружен напад на католичка црква во Истанбул за време на неделната богослужба во која едно лице беше убиено, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Според најавата на Јерликаја, вооружени напаѓачи упаднале во црквата Света Марија во истанбулскиот кварт Саријер во 11 часот и 40 минути по локално време, јавува турскиот сервис на Си-Ен-Ен.
Во првите извештаи по нападот турските медиуми јавија дека во нападот е повредено едно лице.