
ВО СТЕЧАЈ СЀ ПОВЕЌЕ ГЕРМАНСКИ ФИРМИ – бројот на банкротирани претпријатија постојано расте
Годишниот раст на банкротите на месечна основа е двоцифрен од јуни, во септември изнесуваше 19,5 отсто, објави германската агенција dpa.
Во претходните години многу компании беа спасени од банкрот со значителна државна поддршка што ја добиваа компаниите поради пандемијата на коронавирус и енергетската криза.
Според експертите, сегашното зголемување на неликвидноста не е критично. Според нивните проценки, станува збор за нормализација, бидејќи сегашните бројки се уште се значително под статистичките показатели од 2015 година.
Според Дестатис, случаите се вклучени во статистиката дури по првата одлука на стечајниот суд. Во многу случаи, вистинскиот датум на поднесување стечај е скоро три месеци постар.
Според податоците од август на Германскиот завод за статистика, во тој месец локалните судови пријавиле 1.556 поднесени барања за стечај, што е за 35,1 отсто повеќе од истиот месец лани.
Извор: See Biz