
Во петок продолжува судењето за убиствата на Вања и Палче, ќе сведочи Гоце Трајковски
Во Кривичниот суд в петок треба да продолжи судењето против првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Се очекува да сведочи сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, бил во потрага по Вања и прибирал и гледал видео снимки од околните објекти.
Инаку денеска продолжи судењето со презентација на материјални докази, а меѓу нив во судница беше покажана фотографија на безживотното тело на Жежовски, кој беше пронајден мртов на 03.12.2023 година. Бил убиен на 22.11.2023 година.