
(ВИДЕО) „ВРИЕ“ НА КОСОВО: Двајца Срби се ранети
Експлозии одекнуваат во Косово каде двајца Срби се ранети, а ситуацијата повторно е тензична.
Косовската полиција со солзавец се обиде да ги растера Србите кои протестираат за да ги спречат градоначалниците Албанци, избрани на неодамнешните спорни избори, да преземат должност во градовите со мнозинско српско население во северно Косово.
Пред општинската зграда на Звечан, како и Зубин Поток и Лепосавиќ, има полициски сили на Косово. Во американската амбасада во Приштина во меѓувреме се одржа средба со новите градоначалници од редовите на ДПК.
Српските власти сметаат дека реакцијата на КФОР и ЕУ е задоцнета.
Инаку, на изборите кои Србите ги бојкотираа, победија градоначалници од албанска националност и тие ќе ги управуваат српските општини на север. За Србите овие градоначалници се нелегитимни. Тие бараат формирање на Заедница на српски општини. Неколку дена по ред има тензии на Косово. Меѓународната заедница повика на смирување. Деновиве во немирите имаше десетина повредени во северно Косово.
фото Инстаграм/радиоконтактплус