
ВИДЕО: Убиена е мечката која нападна пет лица во Словачка
Кафеавата мечка која повреди пет лица во еден словачки град е убиена, соопшти словачкиот министер за животна средина.
На социјалните мрежи се шири снимка од мечка која на 17 март трча низ улиците на еден словачки град.
Беа потребни десет дена за да се пронајде кафеавата мечка, a истата беше убиена во локалната шума денеска.
За да ја пронајде мечката, словачката влада користела беспилотни летала, изјави министерот за животна средина Томаш Тараба во објава на Фејсбук, заблагодарувајќи им се на сите што учествувале во операцијата, пишува Би-би-си.
Минатата недела во областите низ регионот беше прогласена состојба на готовност со зголемени полициски патроли како превентивна мерка против слични напади.
Се проценува дека мечката има три години и тежи околу 70 килограми.
Повредено е и 10-годишно девојче
Повредени се пет лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, а двајца со рани и гребаници се пренесени во болница.
Една жена за локален весник изјави дека била сериозно трауматизирана од нападот.