
ВИДЕО: Уапсено 14-годишно дете осомничено за пукање во Бангкок: Убило три лица во трговски центар
На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на момчето (14) осомничено дека пукало во трговски центар во Бангкок.
Како што може да се види на видеото, надзорната камера го снимила момчето како стои во соба со кренати раце, по што паѓа на колена.
Во следниот момент специјалците внимателно му приоѓаат, го соборуваат на земја и му ставаат лисици.
Напаѓачот употребил пиштол.
Да потсетиме, најмалку три лица загинаа во напад во луксузен трговски центар во Бангкок.
Мотивот за нападот засега не е познат.