
ВИДЕО: Срѓан Ного објави нови теории за смртта на Вања и Панче, ситроенот бил донесен на 23 ноември и стоел паркиран на пазар?!
Српскиот политичар Срѓан Ного вчера објави нови теории за смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежоски.
Во видеото авторот вели дека грабнувањето првично требало да биде изведено во петок (24 ноември), но грабнувачите се предомислиле и се исплашиле поради тоа што имало многу луѓе и да не бидат видени, па затоа грабнувањето го поместиле за понеделник (27 ноември).
Сепак доколку го реализирале првичниот план, вели Срѓан, двете сестри би биле киднапирани и убиени и автомобилот уништен уште пред да биде пријавено грабнувањето на велешанецот Панче Жежоски.
Возилото било донесено во Скопје на 23 ноември и истото било паркирано кај Кванташки пазар во населбата Маџари.
Според неговите информации, некој од порано спремал и приказна за тоа кој ја убил Вања, а за тоа како што потсеќа, го покажува текстот објавен на српскиот портал Ало каде насловот вели „Прво ја киднапирале Вања, па го убиле фризерот. Го закопале неговото тело во јама, испливаа нови детали“.
Срѓан вели дека незаконски до сега таткото Александар бил држен во притвор без сослушување, но пред почетокот на подготовката на оваа емисија, истиот бил сослушан. Сослушани биле и членовите на семејството.
Тој обвинува дека властите во Македонија прават вака бидејќи не ни очекуваат да има судење, односно во притвор Александар (таткото) би бил убиен и истото ќе биде прикажано како самоубиство, додека пак останатите 3-ца обвинети Манев, Кешишов и Видевски кога ќе ги стават во иста соба со другите затвореници би биле убиени, а истото би се случило и со Љупчо Палевски Палче во затворот во Турција или па никогаш не би го екстрадирале.
Во продолжение погледнете го целото видео: