
ВИДЕО СЕ ОТВОРИ ПРОВАЛИЈА НА АВТОПАТ: 19 загинати во сообраќајка во Кина – 18 автомобили пронајдени под урнатините
Најмалку 19 лица загинаа денеска кога се урна дел од автопат во јужна Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град Гуангдонг, Меижоу, пренесува АП.
– Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност – се вели во извештајот на CCTV.
Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови.