
(ВИДЕО) РИБАР ГО СНИМИЛ ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ХРВАТСКА: Карпи паѓаа во морето
Карпи паѓаа во море при силниот земјотрес кој денеска го погоди хрватскиот остров Крк.
EMSC објави дека бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, но Хрватската сеизмолошка служба потоа информираше дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени. Земјотресот ги вознемири жителите на Крк и други места, а го почувствувале и во Босна и Херцеговина (БиХ), Словенија и Италија.
Епицентарот бил во близина на Башчанска Драга на Крк. По првиот земјотрес, следеа неколку последователни потреси. Сеизмолог Крешимир Кук вели дека треба да се очекуваат нови земјотреси.