
(ВИДЕО) РАМА ПРЕДИЗВИКА ОПШТА СМЕА: Вели дека тој и Ковачевски оќелавеле чекајќи влез во ЕУ
Со Ковачевски оќелавевме чекајќи ја ЕУ, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Рама предизвика општа смеа меѓу присутните на панел-дискусијата за Западен Балкан во рамки на Глобалниот форум за безбедност во Братислава, откако посочи дека тој и неговиот колега, македонскиот премиер Димитар Ковачевски останале без влакна на главата чекајќи го членството во Европската Унија.
„Што ќе сторат со Украина? Ќе ја внесат во ЕУ? Прво, тоа не е реално. Второ, се работи за претсобје за депресија. Тоа не е претсобје за интеграција, туку претсобје за депресија. А, ние знаеме дека е тоа така. Знаете, во Солун, кога Димитар сè уште имаше коса беше речено дека ќе станеме членки на ЕУ. Тоа се случи дури и пред јас да ја изгубам својата коса. Така што, еве сме. Двајца ќелави. Затоа што ние верувавме во тие глупости. Тоа што нам ни треба е да бидеме реални, да бидеме искрени, отворени и да бидеме и директни“, рече Рама.
Говорејќи во контекст на проширувањето на ЕУ со Молдавија и Украина, Рама нагласи дека станува збор за нереално сценарио. Претходно, Рама влезот во ЕУ го споредуваше со свадба, со што исто така предизвикуваше смеа.
фото принтскрин