
ВИДЕО: Протести пред Владата за скандалот на Онкологија
Со пароли „Крадци, убичци“, „Уапсете го кабелот“ попладнево пред Владата се одржува протест за скандалот на Клиниката за онкологија кој ја потресе јавноста.
На протестот беа поставени и неколку фотографии од функционери кои беа измачкани со црвена боја, и запалени.
„Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола“, наведуваат организаторите.