
ВИДЕО Плаќале 1.300 евра ќирија, а никнувале печурки од подот, сцена како од хорор филм: Насекаде се по станот, имаме главоболки
Братучедите Алиса Бартон (32) и Лара Норбери (24) морале да го напуштат станот кој го плаќале по 1.300 евра месечно, бидејќи од подот почнале да никнуваат печурки.
Кога во јануари се преселиле во стан во Дисли во британскиот Чешир, не забележале ништо необично.
Алиса откритието го опиша како ужасно и верува дека тоа и наштетило на нејзиното здравје.
„Започна со една ситна печурка, а потоа брзо се рашири. За шест до осум недели ги имаше најмалку 15, барем оние што можевме да ги видиме. Испратив жалба до агентот за недвижности, заедно со фотографии од печурките. Таа ми одговори по е-пошта велејќи дека мора да биде ладно и влажно само во еден дел и дека треба да се отстранат. Се згрозив, не е моја работа да вадам печурки и други работи, особено кога плаќам по 1.300 евра месечно за просторот – објаснила таа.
-Куќата е полна со влага и е студена. И двете имавме лоши главоболки во последните неколку месеци – рекла таа.
Од агенцијата за недвижности велат дека не биле информирани за проблемот со печурките бидејќи роднините не направиле соодветна пријава. Сепак, тие ветија дека ќе ги подигнат подовите и ќе се обидат да се ослободат од габата.