
ВИДЕО Над 30 китови загинаа во Црното Море поради загадување
Повеќе од 30 китови беа пронајдени мртви откако два танкери со нафта потонаа во Црното Море во средината на декември.
На 15 декември, два руски танкери потонаа за време на бура, помеѓу заливот Керч и полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.
Потопените бродови превезувале околу 9.200 тони нафта, а околу 40 отсто од таа нафта завршила во морето.
„Регистриравме 61 кит што умре, од кои 32 умреа по 15 декември како последица на загадување“, соопшти руската невладина организација „Делфа“, која се занимава со спасување на китови и делфини.
„Речиси секој ден добиваме информации за нови мртви китови“, се додава во соопштението.
Речиси три недели властите заедно со волонтери организираат големи операции за чистење, но состојбата се уште е алармантна.