
Вечерва искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода
Во општина Кисела Вода вечерва е искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ, дознава 4news од свои извори. Седиштето на штабот се наоѓа во близина на споменикот Тодор Александров, на многу фрекфрентно место. Кој и зошто го сторил делото, засега останува нејасно. Во текот на утрешниот ден се очекува полицијата да соопшти повеќе детали.