
ВЕЌЕ Е ЦЕЛОСНО ОФИЦИЈАЛНО: Фабриката за чоколади има нова директорка, Марина Симоноски ја презема функцијата
Од чоколадната фабрика „Европа“ ја потврдија информацијата што Фактор ја објави пред околу еден месец, а таа е дека компанијата има нова директорка, односно Марина Симоноски, промена која од тогаш беше заведена во Централниот регистер.
„Акционерско друштво,
фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА – Скопје известува дека на седница на
Одбор на директори, за извршен член – генерален
директор беше избрана Марина Симоноски. Направен
е упис на промената во Централен регистар на РСМ.
Согласно член 34 став 1 алинеја 6 од Правилата за котација, АД ЕВРОПА
Скопје известува дека ново избраните членови во Одборот на директори не
поседуваат акции во друштвото“, се вели во кусата објава на Берзата.
Додека, пак, на нејзино место досега беше Марика Караџова, и таа заминува од оваа функција поради одење во пензија.
Профитот кој во првиот квартал од годинава го остварила „Европа“ изнесува 237 илјади евра. Во однос на истиот период лани тоа е огромен раст за близу 134 проценти.
Н.Н.Ф.