
Ужас во Финска: Едно дете убиено во училиште, две тешко ранети, уапсен соученик!
Финската полиција соопшти дека имало пукање во училиште во градот Ванта во близина на Хелсинки.
Едно дете (12) е убиено, а две се тешко ранети, јавува Би-би-си. Имаат по 12 години.
Осомничениот, кој е нивни врсник, е уапсен, пренесува Ројтерс.
Децата прво биле пренесени во болница, но едно од нив починало.
Родителите на другите деца за медиумите изјавија дека пукањето се случило во училницата.
Полицијата наведува дека сите инволвирани во престрелката се малолетни, јавува РТС.
Полицијата ја опколи таа училишна зграда, а родителите ги собраа децата од друга училишна зграда.
Полицијата соопшти дека осомничениот побегнал по пукањето и на крајот бил фатен „мирно“ од другата страна на локалната река во северниот округ во северниот дел на Хелсинки.
Додадоа дека носел огнено оружје кое му било одземено.