
Јувентус ја среди Специја, по еден гол постигнаа Кин и Ди Марија (ВИДЕО)
Специја не беше воопшто лесен противник, но не искористи ниту една од своите шанси во првиот дел, па казната стигна преку Кин во 32. минута.
Идентична беше ситуацијата и во вториот дел, кога Специја повторно промаши неколку одлични можности за израмнување, а потоа стигна погодокот на Ди Марија (2-0).
Јувентус со 32 бода се наоѓа на седмата позиција во Серија А, додека Специја е на 17. место со 19 бодови.