
Јутуберот Лазаров ги нарече медиумите село кое верува во сите лаги
„Судот ми креира дело, медиумите служат на село, што верува во сите лаги“. Ова се зборови од новата песна на Јутуберот Стефан Лазаров откако Обвинителството покрена обвинение поради објавен видео материјал преку кој се ширеше расистички и ксенофобичен материјал.
Лазаров во стиховите уште вели дека случајот е „прецизно одигран како што треба“, додавајќи дека „пред вистината и боговите молчат“. Видео спотот е сниман на Водно крај Милениумскиот крст.
Инаку Основното јавно обвинителство отвори предмет за подкастот на Стефан Лазаров кога гостин беше новинарот Драган Павловиќ Латас. Поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал закажано е веќе и рочиште за крајот од месец март.