
Утре завршува истрагата за пожарот во „Пулс“ Кочани
Утре завршува истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Ова вечерва во телевизиско интервју за ТВ24 го изјави републичкиот обвинител Љупчо Коцевски.
„Од утре во следните 15 дена одбраната има право на увид во предметот и има право да доставува докази кои Јавното обвнителство ќе ги цени и после тоа ќе се донесе јавно обвинителска истрага“, изјави Љупчо Коцевски.
На истрагата која започна на 16-ти март работат 13 јавни обвинители.
„Во рекордно време се обезбедија сите релевантни докази кои за истрагата беа битни“, додаде Коцевски.
Сите вештачења за случајот се обезбедени и реализирани во нашата држава.
„Со градежното вештачење се утврди кои градежни дејствија се преземале во одреден период. Имаме вештачење на хемискиот институт за составот на материјалите, нивната согорливост како и кои гасови и штетни материи ги испуштаат. Имаше графолочко вештачење во однос на потписи“, рече Коцевски.
ТВ24: Најдовте фалсификувани потписи?
Коцевски: Најдовме се она што беше потребно
ТВ24: Значи има фалсификувани потписи?!
Коцевски: Има разни потписи има и потписи на лицата кои директно се осомничени како и факсимили кои се употребувале во нивно име.
Јавниот обвинител додаде дека направено е и форензичко вештачење во однос на траги најдени на лице место и судско-медицинско вештачење со што се утврдени причините за смртта. Можам да споделам дека се работи за задушување со труење од јаглероден моноксид.
Досега во ЈО. распрашани се 400 сведоци и оштетени и 250 оштетени кои се со телесни повредени или тешки телесни повреди.