
УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Испратиле писмо до Русија
Уште една земја сака да стане дел од БРИКС. Станува збор за Малезија.
Малезија испрати писмо до Русија со барање за придружување во БРИКС. Веста ја потврди малезискиот премиер, Анвар Ибрахим.
„Малезија изрази отвореност и за учество како земја членка или стратешки партнер“, наведе Ибрахим во соопштението.
Членството на Малезија во БРИКС било главна тема во разговорите што го имаше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров кој е во посета на Куала Лумпур.
Ибрахим за намера го информирал и бразилскиот претседател Луис Кула да Силва во јуни.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Азија ќе стане доминантен центар на светот, а БРИКС и Шангајската организација за соработка ќе послужат како институционална основа на новиот светски поредок.