
Убиство во Тетово: Татко со ловечка пушка си го убил синот
Мртво тело е пронајдено вечерва во „Блок 70“ во Тетово, јавува ТВ21. Според првите информации, се сомнева дека таткото со ловечка пушка го убил синот. Полицијата е на местото на настанот каде е пронајдено оружјето, додека според неофицијални информации таткото поради психичка состојба бил испратен во болница.