
Убиениот во Приштина е еден од осомничените за двојното убиство во „Шиша Бар“
Според првичните полициски информации во Косово, објавени во тамошните медиуми, синоќа е убиен македонскиот државјанин Блерим Дачи кој имал документи на име Блерим Шабани.
Според сознанија на Телма потврдени од извори во истрагата станува збор за лице осомничено дека учествувало во нападот со двојното убиство во локалот „Шиша Бар“ во старата скопска Чаршија пред три месеци. Но, засега нема информации дали двата настани, убиството во Приштина и нападот во Чаршијата се поврзани.
Инаку, автомобил со македонски регистарски ознаки доцна синоќа се нашол под огнена канонада од автоматско оружке на сред Приштина, а во инцидентот убиено е едно лице кое било во македонското возило.
Дека станува збор за македонски државјанин потврди и министерот за надворешни работи Бујар Османи, но не кажа повеќе детали за инцидентот.