
Три месеци ќе има производи по најниски цени во една од европските земји
Владата во Франција се договори со супермаркетите за граѓаните да купуваат по најниски цени. Во јуни ќе носат одлуки за понатаму.
Mинистерoт за финансии, Бруно Ле Мер, изјави дека постигнал договор со водечките синџири супермаркети за антиинфлациска кошничка, која сами ќе ја дефинираат, со цел да ги намалат трошоците за основните продукти за граѓаните. Трговците на мало се согласија да им понудат на потрошувачите најниски можни цени за период од три месеци за артиклите што сами ќе ги изберат.
„Се очекува попустите да ги чинат трговците на мало стотици милиони евра“, истакна Ле Мер.
Владата претходно се обиде да дефинира единствена кошничка со дневни потреби, но супермаркетите се бореа за правото сами да одлучат која храна да ја вклучат.
Инфлацијата во февруари беше 7.2 отсто. Но, има и европски земји се повисока стапка на инфлација.
foto freepik.com/bugphai