
ТРАМП: Ве следам, не ја зголемувајте цената на нафтата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата. Тој апелираше и до Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси.
„Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Јас ве гледам! Не сфаќате дека она што го правите му користи на непријателот. Не го правете тоа“, напиша Трамп на мрежата Truth Social.
Цената на нафтата продолжи да расте и денеска како резултат на претпазливоста на трговците по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и вклучувањето на САД во него.
Трговците и експертите се плашат за испораките на нафта преку Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат 18 милиони барели нафта, кондензат и гориво. Тие го очекуваат одговорот на Иран.
Во изминатите десет дена, колку што траат нападите меѓу Израел и Иран, цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за повеќе од 13 отсто, а на американскиот пазар за повеќе од 10 отсто.
Но, и Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата во Македонија.
/faktor.mk