
ТРАГЕДИЈА НА ГАК: Бебе починало во утробата, по два месеци почина и мајката!
Од ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје информираат дека примена е пациентка којашто имала придружни здравствени проблеми заради кои бебето починало.
Според нив, како последица на придружните болести индицирано е завршување на бременоста со царски рез.
„За жал, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условуваат повеќекратни хируршки ревизии.
Во лекувањето на пациентката беа вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК – и од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови.
Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи.
За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации.
Се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката.
Во државата е формирано стручно тело кое ги испитува сите случаи со неповолен исход за бебето во утробата и за породени новородени со фатален исход“, велат од таму