
Тошковски оствари средба со Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
Денес министерот за внатрешни работи оствари средба со Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. За време на средбата, се разговараше за можностите за соработка и заеднички активности во области што се од делокруг на работа на МВР и јакнење на демократските капацитети.