
ТЕТОВСКИ „ИНТЕРПРОМЕТ“ ПРОДАВА ГОЛЕМ ИМОТ – друштвото ЛГруп ќе плати 1,6 милиони евра
Компанијата „Интерпромет“ од Тетово продава недвижен имот од 1,6 милиони евра.
Зделката е објавена преку Македонската берза за хартии од вредност, како голема зделка која надминува 20 проценти од вредноста на друштвото.
Всушност, станува збор за релативен износ од 37,28 отсто во однос
на книговодствената вредност на
имот на друштвото, определена врз
основа на последните финансиски
извештаи на друштвото.
Како што објавиле од компанијата, станува збор за вкупен износ на зделка од 98,7 милиони денари без ДДВ, што е рамно на 1,6 милиони евра.
Продавач на имотот е компанијата „Интерпромет“ од Тетово, додека, пак, како купувач се јавува ЛГруп ДООЕЛ Тетово.
Инаку, ЛГруп Тетово е друштво за
видеопродукција, маркетинг и услуги
ЛГроуп Тетово.
„Вредноста на зделката е утврдена
согласно со одлуки на органите на
управување на А.Д Интерпромет
Тетово и соодветствува на пазарната
вредност на зделки од ист тип“, се вели во известувањето од компанијата до инвеститорската јавност преку Македонската берза.
Инаку, дејноста на тетовски „Интерпромет“ е трговија на мало во неспецијализирани продавници. Всушност, оваа компанија е еден од најголемите издавачи на деловен простор во Тетово.
Н.Н.Ф.