
Тетовец бил пронајден починат во својот дом
На 13.06.2024 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во домот бил пронајден починат 77-годишниот И.И. од Тетово. -Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а пo наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информира МВР. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.