
Тензии во СДСМ, Спасовски и Каевски ја напуштија седницата на ИО!
Денеска на состанокот на извршниот одбор на СДСМ, поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и портпаролот и актуелниот пратник Дарко Каевски, демонстративно ја нашуштија седницата на која што се разговараше за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај, јавува ТВ Клан.
Тие пишуваат дека атмосферата била многу тензична и имало огромно незадоволство во рамките на СДСМ за како што велат самоволието на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.
Претходно, Клан ТВ ги објави следниве листи на сите кандидати за пратеници на СДСМ за сите изборни единици.
1