
Таравари по пронајдениот куршум: И да испукате тешка артилерија, ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕМА ДА СЕ ЗАПРЕ!
Претседателот на Алијанса за Албанеците, Арбен Таравари се огласи на својот Фејсбук профил по веста дека во неговата куќа е пронајден куршум.
„Силите на државната полиција денеска беа кај мене дома како што видовте од медиумите, бидејќи таму беше пронајден куршум кој беше испукан со јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за оние политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да замолчи нечиј глас се куршуми, куршуми кои ме потсетуваат на Италија во 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе… Но за тоа ми е жал… и тука завршува мојата тага и започнува мојата радост затоа што разбирам дека тие што ја држеа оваа земја во заложништво се во очај на загуба!“, пишува Таравари.
Тој додава дека секој кој ќе остане без зборови, а му останал само куршум е во голема неволја…
„На кој и да го оставил тој куршум, му велам дека и да испукаш тешка артилерија, ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕМА ДА СЕ ЗАПРЕ! Можеш да ме убиеш, а тоа би било голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова…но вие би убиле само еден човек, но што ќе направите со илјадници, стотици илјади и милиони на луѓе кои веќе биле занесени?’ Не можете да замолчите, убивате, запрете народ! Ви благодарам на сите што ме поддржувате! Ми го направивте срцето планина! Ја започнавте промената, со мене или без мене Промената е завршена!“, вели Таравари.