
СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО РОМАНИЈА: Дел од гасовод излетал во воздух при изградба на автопат, ИМА ЗАГИНАТИ!
Во експлозија на гасовод при изградба на автопат во Романија четири лица загинаа, а пет лица се повредени.
Ројтерс јавува дека владината агенција за вонредни ситуации соопшти дека експлозијата се случила синоќа во областа Вранчеа во источна Романија.
Се наведува дека пожарот во меѓувреме е изгаснат, а повредените се пренесени во локалната болница.
Инспекторите се обидуваат да ја утврдат причината за експлозијата.
Ројтерс потсетува дека минатата година десетици луѓе беа повредени во експлозија на течна бензинска пумпа во романскиот град Креведија во близина на главниот град Букурешт.
Се вели дека тоа бил еден од многуте пожари кои редовно избувнуваат во Романија.