
Стопанска комора одбележува 102 години од своето постоење
Стопанската комора на Северна Македонија оваа година одбележува 102 години од своето постоење. По тој повод на 25 јули (четврток) со почеток во 12 часот во просториите на Комората, сала 4 на 5-ти кат, ќе се одржи настан на кој ќе бидат доделени награди во три категории:
-Награда за долгогодишна коморска активност;
-Награда за воведување напредни технологии, дигитализација и зелена агенда;
-Награда за градење на партнерства, засилување на врската и заеднички дејствувања во градењето на просперитетна македонска економија;
Наградите ќе ги додели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Пред присутните наградени компании и членови на органите и телата на Комората, свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.