
СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ ДОБИВААТ ПОДДРШКА ОД ХРВАТСКИТЕ – ПЛАМНУВА ЛИ РЕВОЛТОТ УШТЕ ПОВЕЌЕ? Точно во 11:52 часот се собираат студенти во Сплит и Загреб
Студенти од Сплит
и Загреб денеска ќе се соберат за да им дадат поддршка на студентите во Србија
кои веќе два месеци организираат протести, блокади и акции во борбата за
поправедно општество.
Во Сплит собирот
ќе се одржи на Матејушка во 11:52 часот, додека во Загреб во исто време ќе се
одржи митинг на Европскиот плоштад.
Организаторите ги
повикуваат граѓаните да им се придружат и да изразат солидарност со 15-минутно
молчење.
Нови Сад денеска
го слави Денот на градот, а се навршуваат и три месеци од трагичното уривање на
настрешницата на новообновената железничка станица, во која животот го загубија
15 лица.
Како што
истакнуваат организаторите, студентите во Србија станаа авангарда на
протестите, покажувајќи дека општествените промени се можни преку истрајност,
ненасилна акција и заедништво. Нивната борба инспирираше многумина, а пораката
од Сплит и Загреб е јасна – солидарноста не познава граници.
фото: Социјални мрежи