
Србин затекнаат во локал во Охрид при користење кокаин
На 31.12.2023 во 00.50 часот, во угостителски објект на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија до дрога и оружје, го приведоа Д.С.(31) од Република Србија.
Тој бил затекнат како користи кокаин и до него било пронајдено и одземено пакување со кокаин.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.