
Советот за безбедност на ОН донесе резолуција против нападите на Хутите во Црвеното Море
Советот за безбедност на ОН донесе резолуција со која се повикува на итно запирање на нападите на Хутите во Црвеното Море. Текстот, поднесен од САД и Јапонија, ги повикува сите земји да го почитуваат ембаргото за продажба на оружје на јеменските бунтовници.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, се зголемија нападите на Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен. Поради нападите, сообраќајот на товарни бродови во Црвеното Море е намален за околу 70% од средината на ноември.