
СОПСТВЕНИЦИТЕ НА АКЦИИ НА „МАКПЕТРОЛ“ ЌЕ ИМААТ ЕКСТРА УБАВ ВИКЕНД – во четврток стартува исплатата на дивидендите, еве колку ќе се „опарат“
Во четврток, односно на 29 август оваа година, нашиот нафтен гигант „Макпетрол“ стартува со исплата на дивидендата на своите акционери.
Станува збор за вкупна сума од близу 6,1 милиони евра, која ќе им се исплати на акционерите, а бруто износот на дивидендата е 3.700 денари по акција.
„Макпетрол А.Д. – Скопје, согласно Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото
за 2023 година, бр. 0201-37/2-4, донесена на 28-мата седница на Собранието на
акционери на Макпетрол А.Д. – Скопје, одржана на 28.5.2024 година, објавува
дека на ден 29.08.2024 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто
износ од 374.232.800 денари, односно 3.700 денари бруто по акција“, се вели во објавата од Берзата.