
Сончево време – температурата до 22 степени
Претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Нутро во долниот тек на повардарието ќе има услови за краткотрајна ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степен.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степен.