
Софија изгласа отстранување на советски споменик од центарот на градот
Градскиот совет на Софија гласаше за отстранување на споменикот на советската армија од центарот на градот и повика да се понуди решение за пополнување на празниот простор што ќе остане по отстранувањето на споменикот.
Градскиот совет и наложи на градоначалничката на Софија, Јорданка Фандукова, да побара државните органи да ја почитуваат оваа одлука и споменикот да се премести во музејот на социјалистичка уметност или на соодветна локација „надвор од центарот на градот“.
За време на гласањето се протестираше и пред зградата на градскиот совет, бидејќи имаше граѓани кои не сакаа споменикот да се премести.