
СО ВИЗИР НА ЛИЦЕТО И ДВА НОЖА ВО РАЦЕТЕ СРЕДЕ ЉУБЉАНА: Специјалните единици онеспособиле маж кој имал два ножеви во рацете
Во центарот на Љубљана, кај Баварската палата, полицајци на специјалната
единица онеспособиле маж кој имал два ножа во рацете.
Според неофицијални информации на порталот 24ur, полицијата со електрошокер
се обидела да го онеспособи младиот човек, но безуспешно.
„Бараме граѓаните да не се приближуваат до местото на интервенција и строго
да ги почитуваат упатствата на полициските службеници на лице место“,
предупредиле во моментот на инцидентот од полициската управа Љубљана.
Ljubljana pic.twitter.com/KlGCTU8b70
— Uroš Leva (@leva_uros) March 13, 2024
На фотографиите објавени на
социјалните мрежи се гледа како маж држи ножеви и носи визир на лицето, а нагрбот носи ранец.
Тој со ножевите ги
нападнал полицајците, ги туркал
и им се заканувал. Сепак, тој на
крајот бил онеспособен од специјална единица, по што бил однесен со возило на
брза помош.