
СО 76 ГЛАСА „ЗА“: Пратениците го изгласаа Договорот со Британија
Пратениците во Собранието попладнево го изгласаа Договорот со Велика Британија.
Со 76 гласа „за“ и 6 „против”, Собранието го изгласа Договорот со Велика Британија. Мнозинството аплаудираше, а опозицијата покажа негодување.
За власта Договорот е историски и ќе овозможи реализација на сите проекти кои претходната власт не ги направила.
За опозицијата, Договорот не е ексклузивен, а нетранспарентноста остава сомнеж за матни зделки и корупција.
Премиерот Христијан Мицкоски кажа која ќе биде каматата за заемот.