
СКОРО ДВА МЕТРА СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА НА НЕКОИ МЕСТА: Земјата е затрупана по снежното невреме
Снежно невреме во
текот на ноќта и во теков на денов предизвика проблеми низ Словенија, а
најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде падна метар и половина снег,
па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри.
Како што јави
словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен
прекин на сообраќајот, а поради силно невреме затворена е и делницата од
автопатот од Приморска до Љубљана, меѓу Кастелец и Козина.
Големо количество
снег падна во регионите на Нотрањска и Кочевско, како и во делови од централна
Словенија, додека снежна покривка нема само во некои делови на Горење, објави
порталот 24ur.com.
Според податоците
на Управата за цивилна заштита и помош, најмногу интервенции се забележани во
Словењ Градец, а потоа во Целје, Љубљана, Марибор и Птуј. Упатени се вкупно 17
противпожарни единици за расчистување на паднатите дрвја од коловозите.
Едно дрво падна
на општината Словењска Бистрица, додека дрвја паднаа и врз далноводи, па некои
домаќинства останаа без струја, на потегот меѓу Межица и Марибор на
североистокот на Словенија. Во главниот град Љубљана висината на снежната
покривка е четири сантиметри.
фото: ФБ/Neurje.si